| четврток, 6 декември 2018 |

Врвниот модел „мерцедес Г500 4×4“ ќе чини 226.000 евра

По офи­ци­јал­на­та пре­зен­та­ци­ја на мар­тов­ски­от Са­ем за авто­мо­би­ли во Же­не­ва, „Мер­це­дес“, по дол­го раз­мис­лу­ва­ње, го пу­шти про­то­ти­пот Г500 4x4 во се­ри­ско про­из­водс­тво

Во „Мер­це­дес-Бенц“ во ме­ѓу­вре­ме до­не­соа од­лу­ка ек­стра­ва­гант­ни­от мо­дел од Г-кла­са да се по­ну­ди и ка­ко се­ри­ско во­зи­ло, кое е опре­ме­но со пер­ма­нен­тен по­гон на си­те че­ти­ри тр­ка­ла, со по­диг­на­то под­воз­је, за­си­ле­ни оски и со зај­ме­ни тр­ка­ла од по­го­ле­ми­от брат Г63 6×6, кој се про­да­ва­ше по це­на од 457.000 евра, но по­ве­ќе не е во по­ну­да­та на гер­ман­ски­от про­из­во­ди­тел.

Mercedes-G500-4x4-3

„Мер­це­дес Г500 4×4“ го прид­ви­жу­ва бен­зин­ски би­тур­бо­мо­тор со за­фат­ни­на од 4,0 ли­три и со осум ци­лин­дри, кој раз­ви­ва 466 коњ­ски си­ли и 610 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент. На го­ле­ми­те 22-инч­ни тр­ка­ла се по­ста­ве­ни гу­ми со ди­мен­зии 325/55, а по­го­нот е пре­ку две­те оски и има бло­ка­да на си­те три ди­фе­рен­ци­ја­ли. Во „Мер­це­дес“ наг­ла­су­ва­ат де­ка Г500
ќе про­дол­жи да се дви­жи без проб­ле­ми во си­ту­а­ции во кои си­те дру­ги те­рен­ски во­зи­ла ќе за­ста­нат и не­ма да мо­жат да го про­дол­жат во­зе­ње­то.

Mercedes-G500-4x4-2

По­крај пре­ста­ву­ва­ње­то на Г500 4×4, „Мер­це­дес-Бенц“ ги за­си­ли и мо­то­ри­те на си­те дру­ги мо­де­ли од Г-кла­са. Мо­де­лот Г350д, чи­ја­што по­чет­на це­на во Гер­ма­ни­ја из­не­су­ва око­лу 90.000 евра, се­га го прид­ви­жу­ва ди­зел­ски агре­гат со 245 коњ­ски си­ли и 600 њутн-ме­три нај­го­лем вр­те­жен мо­мент, до­де­ка мо­то­рот во мо­де­лот Г63 АМГ со це­на од 144.000 евра се­га раз­ви­ва 571 коњ­ска си­ла и 760 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент. На вр­вот на по­ну­да­та е Г65 АМГ со це­на од око­лу 272.000 евра, чиј­што мо­тор ну­ди 612 коњ­ски си­ли и ду­ри 1.000 њутн-ме­три нај­го­лем вр­те­жен мо­мент.

Mercedes-G500-4x4-4

Стан­дард­ни­от мо­дел Г500 без по­гон на си­те че­ти­ри тр­ка­ла се про­да­ва по по­чет­на це­на од 105.000 евра, а мо­де­лот Г500 4×4 чи­ни 226.000 евра.

Си­те но­ви мо­де­ли од Г-кла­са во про­даж­ни­те са­ло­ни се оче­ку­ва­ат да при­стиг­нат во сеп­тем­ври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top