Во „Мерцедес-Бенц“ во меѓувреме донесоа одлука екстравагантниот модел од Г-класа да се понуди и како сериско возило, кое е опремено со перманентен погон на сите четири тркала, со подигнато подвозје, засилени оски и со зајмени тркала од поголемиот брат Г63 6×6, кој се продаваше по цена од 457.000 евра, но повеќе не е во понудата на германскиот производител.
„Мерцедес Г500 4×4“ го придвижува бензински битурбомотор со зафатнина од 4,0 литри и со осум цилиндри, кој развива 466 коњски сили и 610 њутн-метри вртежен момент. На големите 22-инчни тркала се поставени гуми со димензии 325/55, а погонот е преку двете оски и има блокада на сите три диференцијали. Во „Мерцедес“ нагласуваат дека Г500
ќе продолжи да се движи без проблеми во ситуации во кои сите други теренски возила ќе застанат и нема да можат да го продолжат возењето.
Покрај преставувањето на Г500 4×4, „Мерцедес-Бенц“ ги засили и моторите на сите други модели од Г-класа. Моделот Г350д, чијашто почетна цена во Германија изнесува околу 90.000 евра, сега го придвижува дизелски агрегат со 245 коњски сили и 600 њутн-метри најголем вртежен момент, додека моторот во моделот Г63 АМГ со цена од 144.000 евра сега развива 571 коњска сила и 760 њутн-метри вртежен момент. На врвот на понудата е Г65 АМГ со цена од околу 272.000 евра, чијшто мотор нуди 612 коњски сили и дури 1.000 њутн-метри најголем вртежен момент.
Стандардниот модел Г500 без погон на сите четири тркала се продава по почетна цена од 105.000 евра, а моделот Г500 4×4 чини 226.000 евра.
Сите нови модели од Г-класа во продажните салони се очекуваат да пристигнат во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст