| четврток, 6 декември 2018 |

Ми пречи политичката напнатост меѓу луѓето

Ре­тко ко­ја се­ден­ка по­ми­ну­ва без му­а­бет за по­ли­ти­ка, што пра­ви да се чув­ству­вам не­при­јат­но, ве­ли Ло­ба

При­стиг­на во Ма­ке­до­ни­ја на осум и пол­го­диш­на во­зраст и ве­ли де­ка са­ка да оста­не за­се­ко­гаш. Ви­кто­ри­ја Ло­ба, мо­же­би нај­до­бри­от по­да­рок што сме го до­би­ле од Ру­си­ја, по кра­тка па­у­за по­втор­но ќе ја гле­да­ме со нов му­зич­ки про­ект. Кол­ку и да сме гор­ди да приз­на­е­ме, ре­ал­но е те­шко да си му­зи­чар ов­де, ве­ли таа, но истак­ну­ва де­ка ни­што не­ма да ја трг­не од му­зи­ка­та.

Viktorija-Loba-5

Не­о­дам­на ја по­се­ти Ру­си­ја. Кол­ку те вле­че таа жич­ка? Ја чув­ству­ваш ли ка­ко свој дом?
ЛО­БА: Се­ка­ко де­ка Ру­си­ја ја чув­ству­вам ка­ко свој дом, по­дед­на­кво со Ма­ке­до­ни­ја. Во Ру­си­ја сум ро­де­на и мо­и­те пр­ви збо­ро­ви се на ру­ски ја­зик, па за­тоа таа е не­и­ско­рен­лив дел од ме­не. Мно­гу че­сто сум но­стал­гич­на, па се тру­дам кол­ку што мо­жам по­че­сто да ја по­се­ту­вам.

 

Раз­мис­лу­ваш ли не­ко­гаш да за­ми­неш за­се­ко­гаш, мо­же­би не Ру­си­ја, но да­ле­ку од Ма­ке­до­ни­ја?
ЛО­БА: Не за­се­ко­гаш, ме­ѓу­тоа не­мам проб­лем да жи­ве­ам ка­де би­ло во све­тот сѐ до­де­ка мо­јот афи­ни­тет кон му­зи­ка­та та­му ка­де што сум е за­до­во­лен.

 

Кол­ку во ва­ква­та со­стој­ба ов­де е исп­лат­ли­во или до­вол­но да се би­де са­мо му­зи­чар?
ЛО­БА: Ре­ал­на­та со­стој­ба за му­зи­чар во Ма­ке­до­ни­ја е по­ло­ша откол­ку што за­мис­лу­ва­ме. Кол­ку и да сме гор­ди и да не приз­на­ва­ме, мо­мен­тал­но не е лес­но. По­ве­ќе­то ко­ле­ги ја ме­ну­ва­ат сво­ја­та про­фе­си­ја иа­ко уче­ле му­зич­ко шко­ло. Јас лич­но ни­ко­гаш не­ма да ја на­пу­штам му­зи­ка­та, таа е на пр­во ме­сто и на­та­му ќе ра­бо­там на­ме­сто да оче­ку­вам чу­до.

Viktorija-Loba-2

Ти не­сом­не­но си ме­ѓу топ пет пе­јач­ки во Ма­ке­до­ни­ја, но, искре­но, те не­ма тол­ку че­сто кол­ку што мо­же­би би тре­ба­ло да те има. Што те спре­чу­ва?
ЛО­БА: По еден ин­тен­зив­но акти­вен пер­и­од од око­лу че­ти­ри го­ди­ни, ко­га по­сто­ја­но бев при­сут­на и ме има­ше на­се­ка­де, во еми­сии, те­ле­ви­зи­ски шо­уа, спо­то­ви, рек­ла­ми, при­род­но е да на­пра­вам ма­ла па­у­за и да зе­мам здив за но­ви про­е­кти.

 

Што е след­но на тој план?
ЛО­БА: Тоа што е след­но мо­мен­тал­но се под­го­тву­ва, и ќе би­де не­што на­ви­сти­на до­бро и ква­ли­тет­но.

 

Не­о­дам­на и те „ома­жив­ме“. Ви­сти­на­та вед­наш из­ле­зе на ви­де­ли­на, но, се­пак, мно­гу­ми­на се из­не­на­ди­ја. Ка­ко ре­а­ги­ра­ат тво­и­те бли­ски ко­га ќе про­чи­та­ат не­што за те­бе? Ка­ко ре­а­ги­ра­ше ти ко­га го про­чи­та тоа?
ЛО­БА: Мо­и­те бли­ски се на­у­чи­ја да ги чи­та­ат си­те ве­сти за ме­не со одре­де­на ре­зер­ва. Се­ка­ко, тие по­до­бро ме поз­на­ва­ат од жол­ти­от пе­чат. Искре­но, одам­на пре­ста­нав да ги пра­там тра­че­ви­те, но ако ви­дам де­ка не­кој но­ви­нар ја пре­ми­ну­ва гра­ни­ца­та, тој од ме­не до­би­ва со­од­вет­на ре­ак­ци­ја.

Viktorija-Loba-3

Ко­ја е нај­ин­те­рес­на­та ра­бо­та што ја имаш про­чи­та­но за се­бе?
ЛО­БА: На­јин­те­рес­но­то што го имам про­чи­та­но во пос­лед­но вре­ме е де­ка мо­и­те фри­зе­ри ма­ка ма­чат да ми ја ис­пра­ват ко­са­та и да ја одр­жу­ва­ат ви­тал­на. Мо­ја­та ко­са е пра­ва од ра­ѓа­ње и, на­про­тив, те­шко се ви­тка за фри­зу­ри, а фри­зер по­се­ту­вам са­мо ко­га мо­рам да се под­го­твам за не­кој по­се­бен на­стан, во оста­на­то­то вре­ме се тру­дам да не ја тра­у­ма­ти­зи­рам со фри­зу­ри и да ја не­гу­вам со ма­ски.

 

Ка­ко ти по­ми­ну­ва се­којд­не­ви­е­то?
ЛО­БА: Се­којд­не­ви­е­то се­ко­гаш ми е ис­пол­не­то. Спор­ту­вам со дру­гар­ки­те, ги до­вр­шу­вам сту­ди­и­те на Биз­нис-ака­де­ми­ја „Сми­лев­ски“, се ре­ла­кси­рам со ча­шка зе­лен чај до­ма, се раз­у­ба­ву­вам во „Афро­ди­та С“, ра­бо­там во сту­дио во поп­лад­нев­ни­те ча­со­ви и па­ту­вам со мо­е­то мом­че.

Viktorija-Loba-4

Би­деј­ќи вни­ма­ваш на сво­јот изг­лед, здрав­је и ре­дов­но веж­баш, мо­ра да те пра­шам и за она што де­но­ви­ве е акту­ел­но. Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква сме­та де­ка јо­га­та е одре­ку­ва­ње од Хри­ста и си­те што ја пра­кти­ку­ва­ат тре­ба да пре­ста­нат, да се по­ка­јат и ис­по­ве­да­ат. Што мис­лиш ти за тоа?
ЛО­БА: Јас, се­ка­ко, не го де­лам исто­то мис­ле­ње. Јо­га­та се пра­кти­ку­ва за по­до­бру­ва­ње на пси­хо­фи­зич­ка­та со­стој­ба и за до­стиг­ну­ва­ње ба­ланс. Иа­ко не пра­кти­ку­вам јо­га, не мис­лам де­ка има не­што де­мон­ско во неа.

 

Ка­ко нор­ма­лен млад чо­век, кол­ку те по­го­ду­ва тоа што, ба­рем пос­лед­на­ва го­ди­на, си­те се оп­сед­на­ти со по­ли­ти­ка, се чув­ству­ва нап­на­тост и ре­тко ко­ја се­ден­ка по­ми­ну­ва без та­ква ди­ску­си­ја?
ЛО­БА: Та­ка е. За жал, се­којд­нев­но сѐ по­ве­ќе се чув­ству­ва таа по­ли­тич­ка нап­на­тост во ди­ску­си­и­те ме­ѓу мла­ди и не тол­ку мла­ди лу­ѓе. Тоа, на­ви­сти­на, ми пре­чи и пра­ви да се чув­ству­вам не­при­јат­но. Не са­кам да ди­ску­ти­рам на те­ма по­ли­ти­ка за­тоа што тре­ба да сум мно­гу струч­на во тоа за да мо­жам да из­не­су­вам свои мис­ле­ња. Не ја раз­би­рам по­ли­ти­ка­та, но мис­лам де­ка и до­кол­ку по­све­там вре­ме да ја раз­бе­рам, уште по­мал­ку ќе знам.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 147. број на неделникот „Република“, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top