Грција тоне во сериозна државна криза, последните резерви од банкарскиот сектор исчезнуваат од час во час и опаднале на 500 милиони евра, компаниите се затвораат, пишува британскиот „Телеграф“.
-Во банките ги снемува парите. Имаме сигурни информации дека резервите опаднале на 500 милиони евра. Оние кои мислат дека банките ќе отворат во вторник – сонуваат. Парите ќе исчезнат за еден час – смета претседателот на грчката стопанска комора, Константин Михалос.
– Во опасна ситуација сме. Грчките компании се исклучени од системот на европски електронски трансфери Таргет 2. Целата бизнис заедница во Грција не е во можност да увезе што било, а без суровина не може ништо да се произведе – додава Михалос.
Бизнис лидерите интензивно преговараат со Банка на Грција, молејќи ја да овозможи пристап до средствата од Итниот фонд за зачувување на ликвидноста за да може да го покријат увозот на храна и лекови, пред туристичкиот сектор да западне во криза. Официјално се наведува дека централната банка денеска ќе им овозможи пристап, но тоа е само привремена помош, додава „Телеграф“.
Додека банките се затворени до понеделник, со дневен лимит на банкоматите до 60 евра, сѐ почесто ги снемува банкнотите од по 20 евра. Финансиската криза бргу се шири, па голем број бензински пумпи и помали фирми веќе не примаат кредитни картички.
ПејПал одбива да работи со Грција , наведувајќи дека не може да се контролира капиталот на Грците, а исто така во прекин се и прекуграничните трансакции. Контролата на капиталот ги запре и другите видови интернет тргувања на Гугл, Амазон, Епл и Фејсбук.
Трансферот на средства е запрен за да се спречи колапс на банкарскиот сектор откако премиерот Алексис Ципрас ги одби меѓународните кредитори и распиша референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за прифаќање на најновиот предлог за реформи или сакаат нивната левичарска партија да постигне поповолен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција