| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена продавница во центарот на Скопје

Од продавницата „Агровита­мак“ на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа во 22.30 часот се украдени 2.300 денари и околу 100 кутии разни марки цигари.

Како што соопшти денеска МВР, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над вработената, при што ѝ ги одзеле парите и цигарите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 10.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top