Турција распоредила дополнителна војска и опрема на делови од границата со Сирија во моментот на интензивирање на борбите околу градот Алепо, изјавија претставници на силите за безбедност.
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, во меѓувреме изјави дека моментално нема планови за упад.
Безбедносни извори и официјалните претставници во Анкара наведуваат дека турската војска ја зајакнала безбедноста испраќајќи и специјални сили поради острите борби.
– Точно е дека презедовме превентивни мерки за да ја заштитиме нашата граница. Доколку се појават околности на границата кои се закана за безбедноста на Турција, ќе биде издадена наредба за постапување, но никој не треба да очекува дека Турција ќе влезе во Сирија утре или во блиска иднина – истакна Давутоглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник
-
Косовската влада не отстапува од планост за формирање на војска
-
Бојана ми се жалеше дека свекрвата ја навредува, не се сложуваа – открива мајката на припадничката на војската
-
Како пукала два пати во себе: Семејството не верува дека трудната Бојана се убила пред свадба!