Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изрази поддршка за ирачките напори да ги мобилизираат локалните племенски борци во борбата против екстремистите од групацијата Исламска држава, соопшти Белата куќа.
– Потпретседателот го поздрави неодамнешниот успех на Ирак на бојното поле од страна на ирачките борци и придонесот на американските воени советници во тие операции – се вели во соопштението.
Белата куќа наведе дека Бајден се состанал со ирачкиот премиер Хаидар ал Абади давајќи им поддршка на Ирачаните во мобилизацијата на локалните племенски борци во борбата против екстремистите од ИД.
Американската војска во Ирак во моментов има 3.040 свои претставници, вклучувајќи 2.240 за пружање поддршка на ирачките сили за безбедност преку логистика, обука, советување и други активности на мисијата за поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро