| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Убиен челник на Исламската држава

Американската армија соопшти дека при воздушен удар на коалициските сили во Сирија е убиен висок член на Исламска држава. Тој помагал за собирање средства и транспорт на оружје и доброволци за групата.

Во удар на 16 јуни бил убиен Тарик бин Тахар ал Харзи, соопшти Пентагон.

Тој е брат на друг екстремист поврзан со нападот врз дипломатската мисија на САД во Бенгази во 2012 година.

Претходно Пентагон соопшти дека братот на Харзи бил убиен во американски воздушен напад врз Мосул на 15 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top