Министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис денеска порача дека има „стопроцентни шанси“ Атина да постигне договор со меѓународните кредитори по референдумот во недела, ден откако изјави дека „попрво ќе си ја отсечам раката, отколку да потпишам договор со кредиторите што не и одговара на Грција“.
– Договорот ќе биде постигнат без оглед дали одговорот на референдумот ќе биде „да“ или „не“, рекол Варуфакис во интервју за Би Би Си.
– Ако победи опцијата „да“ тоа ќе биде лош договор, банките ќе бидат отворени со лош договор. Ако победи „не“ ќе имаме друг договор што ќе биде одржлив во склад со предлозите кои ни се упатени последните неколку дена, вели Варуфакис. Тој остро ја критикува политиката за штедење применета кон Грција во текот на последните пет години и продолжените преговори со кредиторите.
– Имаме многу лош систем на управување во Европа. Тоа не е начин за раководење на монетарната унија. Тоа е комедија, греша која трае пет години, а Еропа се преправа и го продолжува сето тоа, рекол министерот за Би Би Си.
Грчкиот министер за финансии вчера пак, во интервју за Блумберг рекол дека ќе поднесе оставка во случај Грците на референдумот закажан за недела да изгласаат прифаќање на предлогот на меѓународните кредитори.
– Јас лично нема да потпишам договор кој не учи од грешките од минатото и не вклучува реструктуирање на долгот. Попрво ќе си ја отсечам раката. Ако народот изгласа „да“ во понеделник веќе нема да бидам министер за финансии, но ќе соработувам со оној што ќе биде на мое место, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција