| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во најава: Активисти „за“ и „против“ Европа во исто време на улиците во Атина

atina protesti

Два масовни собири се најавени за вечерва на улиците во Атина со сосема спротивни цели. СИРИЗА ги повика граѓаните да се соберат во центарот на главниот град за да ја изразат својата поддршка за опцијата „не“ на референдумот во недела. Во истиот термин ќе се одржи и митинг на оние кои планираат да гласаат за прифаќање на предлогот на кредиторите.

Најавените митинзи ќе се одржат на релативно блиско растојани, поради што полицијата ќе биде во приправност. Поранешниот премиер на Грција Антонис Самарас вчера ги повика граѓаните да одговорат потврдно на референдумското прашање.

– Референдумот е јасен избор меѓу еврото и драхмата. Немојте да дозволите Ципрас да не врати на драхмата. Тоа би ја убило грчката економија, рекол Самарас.

И поранешниот премиер Костас Караманлис исто така апелирал да се заокружи „да“.

– Ако изгласаме „не“ тоа ќе биде прв чекор кон напуштање на еврозоната, предупредил тој.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top