| четврток, 6 декември 2018 |

Почина таткото на СМС-пораките

На 63-годишна возраст почина Финак Мати Маконен, човекот што ги измисли СМС-пораките. Тој ја разви идејата за испраќање пораки преку мобилните мрежи, и го доби прекарот “татко на СМС-пораките“.

На 20-тиот роденден на првата текстуална порака, Маконен рече дека развојот на СМС-пораките го смета за заеднички труд на повеќе луѓе и дека НОКИА била таа која ја направи популарна оваа услуга.

-Вистинскиот почеток на услугата почна кога НОКИА го претстави првиот телефон кој овозможуваше едноставно пишување на порака, рекол во една прилика Маконен.

Причината за неговата смрт не е позната, но се знае дека боледувал од некаква болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top