Новиот начин на информирање на родителите за успехот на учениците успешно се реализира. Министерот за образование, Спиро Ристовски, задоволен од одвивањето на процесот кој почна во понеделникот, а со кој родителите, односно старателите на учениците, податоците од електронскиот дневник ги добиваат преку бесплатни пораки.
– Одлично се одвива целиот процес, пораките се дистрибуирани до повеќе од 143 илјади броеви, а и известувања по е-пошта. Задоволството на родителите е евидентно и до нас стигнуват позитивни информации. Апелирам до родителите кои сѐ уште немаат доставени броеви, а сакаат да го направат тоа во матичните училишта и внимателно да ги наведат броевите зашто констатиравме и неточни – рече Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.