Драмски театар Скопје учествувше на вториот интернационален театарски фестивал „Нови тврѓава театар“, кој се одржува од први до 8 јули во Чортановци, Војводина.
ДТС вчера го отворил фестивалот со претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ од Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски. Во актерската екипа се: Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја ВељковиќПановска, Александра Павлова, Катерина Аневска, Емилија Мицевска. На фестивалот, кој се одржува под мотото „Отворен простор, широк спектар на идеи“, гостуваат театри од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.