Интернет-гигантот „Гугл“ се извини за грешката на неговиот нов софтвер за препознавање лица кога тој идентификувал афроамериканска двојка – како горили.
– Згрозени сме и искрено жалиме поради тоа што се случило. Преземаме итни мерки за да се избегне повторувањето на грешки од овој вид – се вели во соопштението на „Гугл“. Наведува дека од компанијата брзо реагирале откако еден корисник им укажал на скандалозната фотографија преку социјалната мрежа „Твитер“.
Всушност, 21- годишниот програмер од Бруклин, Њујорк, проверувајќи си го профилот на „Гугл фото“, увдел дека сервисот автоматски генерирал папка наречена „Горили“, но во неа немало ништо освен негова фотографија со пријателката.
Од „Гугл“ веднаш реагирале, го решиле проблемот за неколку часа и ја признале грешката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.