Ферибот што превезувал 173 патници потона крај Филипини. Според властите досега се пронајдени тела на 33 жртви, пренесе МИА.
Фериботот превезувал на линија меѓу градот Ормок и островот Камотес. Спасувачки тимови успеале да им помогнат на десетици патници.
Фериботот бил на 200 метри од пристаништето во Ормок кога потонал при лошо време, јави ДПА. Крајната дестинација – островот Камотес била на еден час пат од Ормок. Ормок се наоѓа на 560 км југоисточно од Манила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.