| четврток, 6 декември 2018 |

261.159 Aвстријци потпишаа петиција за излез од ЕУ

Инцијаторите на петицијата за излегување на Австрија од Европката унија успеаја во намерата своето барање да му го достават на Парламентот откако 4,12 отсто од граѓаните со право на глас ја потпишаа петицијата.

Министерството за внатрешни работи на Австрија соопшти дека петицијата, чијшто рок за потпишувње истече вчера, ја потпишале 261.159 Австријци. Со оваа поддршка петицијата се наоѓа на 23. место од вкупно досега одржани 38 изјаснувања на граѓаните.

Парламентот, според законот, ќе мора да се занимава со барањето на иницијаторот на петицијата откако повеќе од сто илјади граѓани со својот потпис го поддржаа барањето за излез на Австрија од Унијата.

Главно барање на иницијаторите на петицијата е дека Парламентот треба да донесе одлука за излегување на Австрија од ЕУ откако ќе биде одржан референдум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top