| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката криза за една недела им однесе 88 милијарди долари на богаташите

berza-1Околу 200 најбогати луѓе на светот загубиле 88 милијарди долари поради грчката криза само во текот на последните седум дена од јуни поради промените на безанските индекси што следувале по неуспешниот состанок на еврогрупата на 24 јуни во Брисел кога грчкиот премиер Алексис Ципрас остро го критикуваше ММФ.

52,3 отсто од вкупниот износ бил загубен само во еден ден, во понеделникот на 29 јуни, покажува индексот на милијардери на „Блумберг“.

Во просек, секој милијардер загубил по 217,5 милиони долари од 24 јуни до денес, пренесува „Фигаро“.

Иако одредени богаташи профитирале, како најбогатиот Африканец, кој само во еден ден заработил 639,2 милиони долари, голем број милијардери претрпеле загуби.

Најголема штета забележал Шпанецот Амансио Ортега, основач на „Зара“ и втор човек според богатството во светот.Неговото богатство се проценува на 69,2 милијарди долари. Во овој период тој изгубил 3,5 милијари долари.

Најбогатиот човек на светот Бил Гејтс во само еден ден, на 29 јуни загубил 1,4 милијарди долари, додека неговиот сонародни Ворен Бафет загубил 1,6 милијарди долари, колку што изнесува ратата од долгот на Атина кон ММФ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top