Македоците кои летуваат во Грција ќе немаат проблем да вадат пари од банкоматите. Ова го тврдат одговорните од Комерцијална банка – Скопје, за трансакциите што ќе ги прават корисниците на нивните платежни картички.
-Со оглед на актуелната состојба во Грција и воведувањето на капиталните контроли, ви доставуваме известување од Комерцијална Банка – Скопје за своите клиенти-корисници на картички, кои престојуваат или имаат намера да престојуваат во Грција, дека врз основа на комуникацијата со компаниите „Виса интернатионал“ и „Мастеркард ворлдвајд“, во моментов нема да има никакви ограничувања од страна на Банката при користење на нејзините картички во Грција – нагласуваат од банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.