Девојка е тешко повредена по пад од четврти кат од хотел во Гостивар. Во моментов таа се бори за живот откако итно е префрлена на скопските клиники.
Во гостиварската полициска станица утрово околу 8 часот било пријавено дека во хотелот „Елита“ во центарот на градот имало несреќен случај, по што нивни екипи излегле на терен. Во моментов трае увид на местото што го води јавен обвинител и екипи на СВР Тетово.
Првично и неофицијално станува збор за 23 – годишна девојка од Тетовско, која од вчера е пријавена за исчезната. Мотивите и причините кои довеле до несреќата сé уште не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.