Ниту еден од кандидатите за претседател на турскиот Парламент не ја доби потребната поддршка за да биде избран во двата круга од гласањето, објави весникот „Милиет“. Во двата круга за избор на претседател беше потребно кандидатот да ја добие потребната поддршка на најмалку 367 членови на 550-члениот Парламент.Во првиот круг од гласањето кандидатот на Партијата на правдата и развојот Исмет Јилмаз доби 256 гласови, кандидатот на Народнорепубликанската партија Дениз Бајкал – 125 гласови, а кандидатите на Партијата на националистичкото дејствие и на прокурдската Демократска партија на народите – Екмеледин Ихсаноглу и Денгир Мир Мехмет Фарат добија по 81 глас.Во вториот круг од гласањето Јилмаз доби повторно 256 гласови, Бајкал 128, а Екмеледин Ихсаноглу и Денгир Мир Мехмет Фарат – по 80 гласа.
Утре ќе се одржат третиот и четвртиот круг за избор на претседател на турскиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



