Половина од граѓаните на Србија се изјасниле дека земјата треба да биде членка на Европската унија, додека 37 отсто се против. Додека против членство на Србија во НАТО се изјасниле 73 проценти од испитаниците, покажуваат резултатите од истражувањето на ЦеСИД „Активизам на граѓаните во Србија“, спроведено од 10 до 20 јуни.
Програмскиот директор на ЦеСИД, Ѓорѓе Вуковиќ изјави дека во однос на поранешните истражувања, значително е зголемен бројот на тие што се против членството на Србија во ЕУ. Тој посочи дека во 2011 година 62 проценти од граѓаните поддржувале членство на Србија во ЕУ, а во 2013 година – 66 отсто.
Вуковиќ истакна дека и опаѓа поддршката за членство во НАТО. Во 2012 година против членството во Алијансата биле 65 проценти од граѓаните, а годинава 73 отсто.
Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од илјада полнолетни испитаници.
Резултатите покажуваат и пад на довербата во државните институции. На Владата и веруваат 31 отсто, на претседателот – 27, на Парламентот – 20, а на политичките партии седум проценти од испитаниците
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО