Туниското Министерство за здравство денеска соопшти дека идентификувало 27 од жртвите во петочниот терористички напад врз гостите во хотелот во летувалиштето Сус, во кој беа убиени вкупно 39 лица, пренесоа британските медиуми.Идентификувани се телата на 19 Британци, тројца Ирци, двајца Германци и по еден Белгиец, Португалец и Русин.
До овој момент потврдена е смртта на 21 британски државјанин, соопшти портпаролот на премиерот Дејвид Камерон, цитиран од британските медиуми.
Претходните податоци на Владата се однесуваа на 19 убиени Британци.
Велика Британија смета дека во нападот загинале вкупно 30 нејзини државјани. Таа се обидува да го потврди идентитетот на уште девет од жртвите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.