Перо Антиќ ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб Фенербахче и ќе ја заврши НБА-авантурата во Атланта хоукс, објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ на „Твитер“.
„Перо Антиќ ја напушти НБА и ќе потпише двегодишен договор со Фенербахче со можност за едногодишно продолжување“, објави Ражнатовиќ.
Тренер во Фенер е Жељко Обрадовиќ, кој инсистираше македонскиот репрезентативец да го засили клубот од Истанбул.
Антиќ е првиот Македонец што играл во НБА-лигата, а претходните две сезони успешно ги бранеше боите на Атланта хоукс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)
-
Антиќ до Датоме: Утре ќе те удрам и избричам (видео)