Иако многумина ја бараат за соработки и и нудат нови песни, хрватската пејачка Ивана Банфиќ долго време ја нема на музичката сцена.
Својот мир и терапија, популарната 45-годишна пејачка го пронајде во ајурведата, традиционална индиска медицина што е се попопуларен начин за духовно лекување во светот.
– Не сум веќе насочена кон некви материјални работи, некакви успеси, туку мојот фокус е кон мојата внатрешна страна. Кога бев дете, кога почнав…тоа беше тој ентузијазам. Живеев во моментот, живеев за песната, за изгледот, за тоа да се биде познат, тоа се сите искуства преку кои, всушност, треба да се помине – вели Банфиќ во интервју за хрватскиот „Ин магазин“.
Неодамна таа призна дека на почетокот на кариерата била вистинска секс-машина и имала секс и по петпати на ден.
Иако не се кае за тоа што го поминала, денес, вели, двапати би размислила дали би почнала кариера.
Смета дека на денешните пејачи им е многу потешко, отколку што ѝ било на неа на почетокот, но дека искуството доаѓа со годините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.