Магазинот „Форбс“ го потврди тоа што на сите им беше јасно, дека Кети Пери е најплатената музичарка во минатата година со неверојатна заработка од 135 милиони долари. На листата на славните подобро позиционирани од неа се само Флојд Мејведер и Мани Пакјао, но тие не се во музичкиот свет.
Кети секако не можеше да го скрие воодушевувањето од својот успех, но тоа што изненади е што ја „пропушти шансата“ да ја спомне својата лута конкуренција- Тејлор Свифт. Но, не ни мораше.
Остави фактите да зборат сами за себе, на пример дека и покрај статусот најголема ѕвезда во минатата година, Свифт заработила само 80 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.