Груевски и Тодоровиќ денеска ја посетија скопската населба Капиштец, каде што оставрија средба со граѓани и ги слушнаа нивните барања.
Груевски потенцира дека оваа Влада со дела го покажа својот однос кон животната средина.
– Од 2007 година наваму во Македонија се засадени повеќе од 37 милиони дрвја или над шест милиони годишно што е 10 пати повеќе во однос на периодот пред тоа кога годишно се садеа по 600.000 – истакна Груевски.
Локациите на парковите што ќе се градат во општина Центар се веќе зацртани.
– Во општина Центар ќе се садат илјада јавори од сортата „кливленд“. Станува збор за дрвја кои не предизвикуваат алергии кај луѓето, а се многу отпорни на силни ветрови – изјави Тодоровиќ.
Засадувањето на јаворите, додаде, било и дел од програмата на општината која не е реализирана поради локалните избори, но ќе се спроведе веднаш по нивното завршување.
Според Груевски и Тодоровиќ, кои претходно, како што изјавија, биле и во Буњаковец, предвидeна е изградба и на монтажен паркинг над пазарчето во оваа населба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии