| четврток, 6 декември 2018 |

Нов монтажен паркинг и зеленило во Центар

Изградба на нов 21 парк на територијата на општина Центар, како и доуредување и реконструкција на веќепостоечките, најавија денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ

5000todor-i-gruevski

Груевски и Тодоровиќ денеска ја посетија скопската населба Капиштец, каде што оставрија средба со граѓани и ги слушнаа нивните барања.

Груевски потенцира дека оваа Влада со дела го покажа својот однос кон животната средина.

– Од 2007 година наваму во Македонија се засадени повеќе од 37 милиони дрвја или над шест милиони годишно што е 10 пати повеќе во однос на периодот пред тоа кога годишно се садеа по 600.000 – истакна Груевски.

tod-gru-500

Локациите на парковите што ќе се градат во општина Центар се веќе зацртани.

– Во општина Центар ќе се садат илјада јавори од сортата „кливленд“. Станува збор за дрвја кои не предизвикуваат алергии кај луѓето, а се многу отпорни на силни ветрови – изјави Тодоровиќ.

Засадувањето на јаворите, додаде, било и дел од програмата на општината која не е реализирана поради локалните избори, но ќе се спроведе веднаш по нивното завршување.

tod-gru-1-500

Според Груевски и Тодоровиќ, кои претходно, како што изјавија, биле и во Буњаковец, предвидeна е изградба и на монтажен паркинг над пазарчето во оваа населба.

tod-gru-2-500

tod-gru-3-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top