| четврток, 6 декември 2018 |

„Индексот на стравот“ расте, акциите на Волстрит паѓаат

berzaЦените на акциите на Волстрит вчера го забележаа најголемиот дневен пад од минатата година, бидејќи вложувачите се исплашиле дека Грција ќе банкротира и ќе излезе од еврозоната.

Дау Џонс индексот падна на 350 бодови, или 1,95 проценти, додека СиП 500 „потона“ 2,09 посто на 2057 бода, а Насдаг индексот 2,40 проценти, на 4958 бодови.

Како и на другите светски берзи, цените на Вол Стрит остро паднаа бидејќи Грција е на чекор до банкрот и и се заканува излегување од еврозоната. Иако грчката економија е мала а најголемиот број американски компании не се впечатливо изложени на тој пазар, вложувачите се плашат од последиците од излегувањето на земјата од еврозоната.

– Нема механизам за исфрлање од еврозоната, тоа никогаш не се случило. Но кога не знаете што може да се случи, ги продавате акциите и се повлекувате од пазарот- вели Брајан Батл директор на компанијата Перформанс Траст Капитал Партнерс.

На повлекувањето од пазарот укажува и големиот обем на тргување. На американските берзи вчера биле заменети 7,3 милијарди акции, додека месечниот просек изнесува 6,3 милијарди.

На загриженост кај вложувачите укажува и високиот скок на „индексот на стравот“ за 34 проценти на берзата во Чикаго, на највисока стапка последните пет месеци. Тоа покажува дека вложувачите засилено ги осигуруваат своите портфолија од можен натамошен пад на цените на акциите.

Под најголем притисок биле акциите на американските банки каде се околу 12,7 милијарди долари од грчкиот долг. Цените на акциите на Велс Фарго, Џеј Пи Морган Чејс и на Голдман Сакс  паднале за околу 2,5 проценти

Вложувачите истовремено ги загрижува и банкротот на Порторико, откако гувернерот на карипската држава порача дека не може да ги плати доспеаните обврски и побара реконструирање на долгот од околу 73 милијарди долари.

На тргувањето лошо влијаеше и натамошниот остар пад на акциите на шангајската берза. Од 12 јуни индексот се сруши за над 20 проценти. Иако во саботата кинеската банка ги намали клучните каматни стапки за да го поттикне растот, што најчесто позитивно влијае на пазарот, аналитичарите признаваат дека не може да претпостават кога би застанал падот на акциите во Шангај.

Сепак, падот на цените на Волстрит вчера бил помал од тоа што се случувало на европските берзи. ФТС Еурофрст Индексот 300 водечки европски акции потонал за 2,8 проценти, најмногу од октомври лани. Лондонскиот ФТСЕ Индекс се лизна за 1,97 проценти, додека франкфуртскиот ДАКС Индекс за 3,56 проценти, а парискиот САС за 3,74 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top