| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува режимот за тешки товарни возила на патот Скопје – Охрид – Скопје

Од утре ќе почне примената на привремениот режим на сообраќај на тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистрален пат А2 делница  Скопје – Охрид – Скопје.

Забраната се однесува на тешки товарни возила, чијашто вкупна маса надминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември, соопшти Автомотосојузот на  Македонија, повикувајќи се на информација на Министерството за транспорт и за врски.

Оваа година има измена во временските интервали во однос на ограничувањето што важеше минатите години, со цел да им се овозможи повеќе време за движење на тешките товарни возила.

Забраната ќе се однесува за време на викендите – во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top