| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентина се солидаризира со Грција

Аргентина, која во 2001 година прогласи платежна неспособност (инсолвентност), денеска изрази солидарност со Грција, која е исправена на работ од финансиска пропаст, и предупреди на ризикот од „разграбување“, што можат да го извршат шпекулативните фондови, пренесоа француските медиуми.

– Аргентина веќе го преживеа тоа и ние во овој момент гледаме дека тие истото го размислуваат и за Грција, за да почнат да ја разграбуваат, како што направија на други места низ светот – изјави премиерот на оваа латиноамериканска земја, Анибал Фернандес.

Аргентина во 2001 година прогласи платежна неспособност за долгот кон приватни лица во вредност од приближно 100 милијарди долари. Благодарение на две преструктурирања, во 2005 и 2010 година, земјата успеа да ги намали своите обврски од долгот кон приватните кредитори за приближно 93 отсто, потсетуваат француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top