Британската букмејкерска компанија „Вилијам Хил“ (William Hill) денеска соопшти дека престанала да прима уплати за евентуалното излегување на Грција од еврозоната заради приливот на уплати токму со ваквото се поочигледно сценарио, пренесува БТА.
„Под вакви нестабилни околности, во кои настаните можат да се развиваат многу брзо, тешко е да ја гарантираме точноста на нашата работа“, појасни портпаролот на компанијата, која прима спортски уплати, но и за секакви други настани.
Пред да запре со примање уплати „Вил Хил“ нудеше коефициент од 2/9 или доколку вложиш девет фунти добивката ќе ти биде две фунти за Грција годинава да остане во еврозоната. За нејзино излегување од еврозоната соодносот беше од 5/1 до 3/1 (вложуваш една фунта за да добиеш три).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција