Главниот обвинител на Египет Хишам Баракат им подлегна на повредите здобиени во нападот, извршен врз него претходно денеска во египетската престолнина Каиро.
Веста ја соопшти министерот за правда Ахмед ал Зинд во болницата, во која беше хоспитализиран обвинителот. Уште еден министер, чие име не се соопштува, исто така ја потврди информацијата.
На 21 мај, египетскиот огранок на групата „Исламска држава“, ги повика приврзаниците да нападнат египетски судии во одговор на бесењето луѓе прогласени за виновни дека извршиле напади од име на групата.
Обвинителот беше тешко ранет, кога бомба експлодира при преминување на конвој возила, во кој беше и автомобилот на обвинителот.
Одговорност за нападот презеде досега непозната група „Народен отпор од Гиза“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.