| четврток, 6 декември 2018 |

Издадени потврди на 5.005 емигранти за искажана намера за барање азил во Македонија

азил

По измените и дополнувањето на Законот за азил, Министерството за внатрешни работи,  од 19 овој месец до 8 часот изутрината издало 5.005 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Македонија на странски државјани, кои илегално влегуваат на нашата територија.

Од 5.005 издадени потврди, 3.973 се за лица од машки пол, 597 се од женски, 425 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а на десет деца им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти денеска МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најмногубројни се државјаните на Сирија, 3.180, потоа Авганистан, 479, Ирак- 321, Пакистан 250, Сомалијa  245,  а од другите држави се во помал број.

Поради зголемениот притисок од илегални емигранти на јужната граница кон соседна Грција, Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжува со засилените мерки за обезбедување на граничната линија, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top