Се почна како шега на конференцијата на инвеститорите на „Епл“ (Apple) пред неколку години, пишува британскиот „Индепендент“. Присутен од публиката посочидека компанијата треба да ја искористи својата маса на пари која изнесува 194 милијарди долари – за да ја купи Грција. Тим Кук, извршниот директор на „Епл“ не беше убеден во тоа. Тој рече дека додека „Епл“ разгледува повеќе опции, но купување на држава не е една од нив. Но, аналитичарот Леонид Бершидски од „Блумберг“ посочува дека дека тој можеби не го увидел трикот.
Оваа недела Грција прибегна кон очајни мерки за да прикрпи за да „прикрпи“ 750 милиони евра за да ја плати каматата на заемот од ММФ. Градоначалникот на Солун пренесе дека бил замолен да ги предаде паричните резерви, додека пензиите и болниците ќе почекаат за исплата. Грчката влада предупреди дека за неколку недели ќе остане без пари.
ЕУ останува цврста на барањата за пензиски реформи и кратења на буџетот. Јерун Дејселблум, европскиот министер, кој претседава со разговорите, не даде никаква гаранција дека ЕУ ќе попушти кога ќе удри кризата.
Во меѓувреме, 194 милијарди долари на „Епл“ продолжија да растат. Компанијата избегнуваше скапи проекти како вселенска мисија или нов вид на автомобил, во корист на малите подобрувања на постојните производи, на „ајфонот“ како рачен часовник, „ајтјунс“ како стриминг услуга.
Бершидскипресметал дека „Епл“, „Мајкрософт“, „Гугл“ и „Циско“ имаат заштеда од околу 429 милијарди долари, од кои повеќето се чуваат надвор од САД за да се избегнат 35 проценти данок.
Ако половина од тие пари беа искористени за спасување на Грција, ќе го намалеше проблемот на 70 проценти од БДП, што според Бершидски може да се соочи.
За возврат, Грција би можела да им понуди на петте големи компании за технологија слатки, тајни даночни зделки. Токму таков договор „Епл“ веќе има во Ирска, каде што плаќа корпоративен данок од два процента, иако стандардната даночна стапка за корпоративен данок во Ирска е 12,5 проценти.
Бершидски изјави дека ЕУ мора да смекна и да прифати таков привилегиран договор во Грција, и покрај тоа што таквиот договор во Ирска е под истрага, бидејќи не би сакала Грција да банкротира.
Грција би можеле потоа да стане дом на седиштата на „Епл“, „Мајкрософт“, „Гугл“ и на „Циско“, што би стимулирало вработување , но и технологија во земјата.
-Прилично сум сигурен дека ваква финансиска помош би добила одобрување од грчкиот народ, ако се стави на референдум- вели аналитичарот Леонид Бершидски од „Блумберг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција