| четврток, 6 декември 2018 |

Радеска-Крстевска: Македониjа е дел од царинската мапа на ЕУ

Од 1 ју­ли Ма­ке­до­ни­ја при­ста­пу­ва кон Кон­вен­ци­ја­та за за­ед­нич­ки тран­зит на ЕУ. Од ас­пект на евро­ин­те­гра­ци­и­те, вле­зот во за­ед­нич­ки­от тран­зи­тен си­стем ќе би­де клу­чен адут во прет­при­стап­ни­те стра­те­гии би­деј­ќи Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де дел од ца­рин­ски­от си­стем на ЕУ пред да ста­не неј­зи­на пол­но­прав­на член­ка. Од еко­ном­ски ас­пект, пак, при­ста­пу­ва­ње­то кон Кон­вен­ци­ја­та зна­чи олес­ну­ва­ње на тр­гу­ва­ње­то со ЕУ, ЕФТА и со Тур­ци­ја, ка­ко на­ши нај­го­ле­ми и дол­го­роч­ни над­во­реш­но-тр­гов­ски парт­не­ри, вели Наташа Радеска Крстевска, Директор на Царинската Управа на Република Македонија

Кои се при­до­би­вки­те од зач­ле­ну­ва­ње­то во Кон­вен­ци­ја­та и ка­ко оде­ше зач­ле­ну­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та ца­ри­на во таа кон­вен­ци­ја?
Радеска Крстевска: При­ста­пу­ва­ње­то кон Кон­вен­ци­ја­та е мно­гу зна­чај­но за­ра­ди при­до­би­вки­те што ги но­си, пред сѐ, за еко­ном­ски­те опе­ра­то­ри, но, исто та­ка, и за Ца­рин­ска­та упра­ва на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. При­до­би­вки­те се со­сто­јат од за­бр­зу­ва­ње и олес­ну­ва­ње на еко­ном­ски­те актив­но­сти, на­ма­лу­ва­ње на тро­шо­ци­те во ра­бо­те­ње­то и со тоа зго­ле­му­ва­ње на кон­ку­рент­но­ста на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја. Со при­ста­пу­ва­ње­то кон Кон­вен­ци­ја­та за за­ед­нич­ки тран­зит и Кон­вен­ци­ја­та за по­ед­но­ста­ву­ва­ње на фор­мал­но­сти­те при тр­гу­ва­ње со сто­ка, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе ста­не дел од за­ед­нич­ки­от си­стем на ЕУ. Тој си­стем ги оп­фа­ќа си­те зем­ји-член­ки на ЕУ, че­ти­ри член­ки на ЕФТА и Тур­ци­ја, зна­чи вкуп­но 33, а Ма­ке­до­ни­ја е 34 член­ка на Кон­вен­ци­ја­та. Со си­те тие зем­ји од пр­ви ју­ли ќе се спро­ве­ду­ва единс­тве­на тран­зит­на по­стап­ка. Тоа зна­чи де­ка по­стап­ка­та ќе поч­не со единс­тве­на тран­зит­на дек­ла­ра­ци­ја, единс­твен до­ку­мент во ко­ја би­ла од зем­ји­те-член­ки, и ќе за­вр­ши со раз­дол­жу­ва­ње на исти­от тој до­ку­мент на ме­сто­то на сто­ка­та.

По­пат­но, низ зем­ји­те на тран­зит не­ма да се под­го­тву­ва­ат по­себ­ни на­ци­о­нал­ни тран­зит­ни дек­ла­ра­ции, по­себ­ни бан­кар­ски га­ран­ции ка­ко ин­стру­мен­ти за обез­бе­ду­ва­ње, би­деј­ќи сто­ка­та ќе ја сле­ди ед­на га­ран­ци­ја ко­ја е при­фа­те­на во си­те тие зем­ји. До­пол­ни­тел­на при­до­би­вка за на­ши­те ком­па­нии е тоа што ќе мо­жат иста­та еле­ктрон­ска тран­зит­на дек­ла­ра­ци­ја да ја ко­ри­стат ка­ко влез­на збир­на дек­ла­ра­ци­ја при влез во зем­ји­те-член­ки на ЕУ и со тоа уште по­ве­ќе да го за­бр­за­ат и олес­нат сво­е­то ца­рин­ско по­ста­пу­ва­ње. Прет­ход­но ќе тре­ба до Ца­рин­ска­та упра­ва да го до­ста­ват бро­јот ЕО­РИ (EORI- Economic Operator Registration and identification scheme system), од­нос­но број за ре­ги­стра­ци­ја и иден­ти­фи­ка­ци­ја на еко­ном­ски­от опе­ра­тор, кој им е до­де­лен од не­ко­ја од ца­рин­ски­те ад­ми­ни­стра­ции на зем­ји­те-член­ки. За тоа упа­тив­ме по­вик, а на на­ша­та веб-стра­ни­ца има обра­зец што тре­ба да се по­пол­ни и да се до­ста­ви бро­јот ЕО­РИ.

Во исто вре­ме ко­га ќе се под­не­се тој еле­ктрон­ски до­ку­мент во пој­дов­на­та по­друж­ни­ца, тој со раз­ме­на на еле­ктрон­ски по­ра­ки вед­наш стиг­ну­ва до си­те др­жа­ви што се на ма­па­та на транс­пор­тот, вклу­чи­тел­но и ко­неч­на­та де­сти­на­ци­ја. Та­ка тие има­ат ин­фор­ма­ции за сто­ка­та уште пред да при­стиг­не. Тоа оста­ва про­стор да се на­пра­ви ана­ли­за на ри­зик, да се под­го­тват ца­рин­ски­те ор­га­ни за кон­тро­ла, а тоа го на­ма­лу­ва вре­ме­то на пре­стој на ца­рин­ски­те тер­ми­на­ли.

Се­то тоа зна­чи по­мал­ку вре­ме и по­мал­ку па­ри за ком­па­ни­и­те и по­го­ле­ма кон­ку­рент­ност.

За Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е зна­чај­но не са­мо за­ра­ди тоа што сме дел од за­ед­нич­ки­от тран­зит на ЕУ, мно­гу би­тен ар­гу­мент во прет­при­стап­на­та стра­те­ги­ја, ту­ку и за­ра­ди тоа што вед­наш ја има­ме при­до­би­вка­та од олес­не­то за­бр­за­но дви­же­ње низ ко­ри­до­ри­те 8 и 10, ка­ко и олес­не­та и за­бр­за­на тр­гов­ска раз­ме­на и транс­порт со нај­важ­ни­те еко­ном­ски парт­не­ри на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Radeska-Krstevska-int147-3

Ка­ко ма­ке­дон­ска­та ца­рин­ска упра­ва до­би членс­тво во Кон­вен­ци­ја­та?

Радеска Крстевска: За да се ста­не член­ка на две­те кон­вен­ции, мо­ра да се до­бие по­ка­на од Со­ве­тот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Таа по­ка­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ја до­би на 18 мај го­ди­на­ва ка­ко ре­зул­тат на дол­го­го­диш­на­та по­све­те­на и на­пор­на ра­бо­та на ца­рин­ски­те служ­бе­ни­ци, при што ис­пол­нив­ме го­лем број ус­ло­ви и не­оп­ход­ни прет­по­ста­вки за да се би­де дел од Кон­вен­ци­ја­та. Во прв ред бе­ше из­вр­ше­но усог­ла­су­ва­ње на на­ци­о­нал­но­то ца­рин­ско за­ко­но­дав­ство, на за­кон­ски­те и под­за­кон­ски­те акти, но и на вна­треш­ни­те про­це­ду­ри со она што зна­чи за­ко­но­дав­ство на ЕУ за тран­зи­тот и за еле­ктрон­ска­та тран­зит­на дек­ла­ра­ци­ја. По­на­та­му, из­вр­шив­ме ор­га­ни­за­ци­ски про­ме­ни во Ца­рин­ска­та упра­ва фор­ми­рај­ќи и за­јак­ну­вај­ќи одре­де­ни ор­га­ни­за­ци­ски еди­ни­ци кои се но­си­те­ли на тој тран­зит. Мно­гу е бит­но што во но­ем­ври-де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на се вос­по­ста­ви еле­ктрон­ска ко­му­ни­ка­ци­ска мреж­на по­вр­за­ност со Бри­сел пре­ку ко­ја се раз­ме­ну­ва­ат еле­ктрон­ски по­ра­ки и ко­ја во ид­ни­на ќе би­де ко­ри­сте­на од Упра­ва­та за јав­ни при­хо­ди и од дру­ги­те ин­сти­ту­ции во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Има­ше ли под­др­шка од европ­ски­те парт­не­ри?
Радеска Крстевска: Нај­бит­ни­от ус­лов бе­ше да има­ме раз­ви­ен комп­ју­тер­ски си­стем. Тој комп­ју­те­ри­зи­ран тран­зи­тен си­стем го раз­вив­ме со три ми­ли­о­ни евра од ИПА во 2008 го­ди­на, со фи­нан­сии од ЕУ, до­де­ка по­ло­ви­на ми­ли­он евра до­бив­ме од Вла­да­та на РМ. Си­сте­мот го раз­ви­вав­ме не­кол­ку го­ди­ни, мо­ра­ше да се спро­ве­де, го ста­вив­ме во функ­ци­ја на на­ци­о­нал­но ни­во во април ми­на­та­та го­ди­на и от­то­гаш до­се­га на­ци­о­нал­ни­от тран­зит во зем­ја­та се ос­тва­ру­ва иск­лу­чи­во пре­ку тој си­стем, зна­чи еле­ктрон­ски тран­зит има­ме од април 2014 го­ди­на.

Прет­ход­но се од­ви­ва­ше во хар­ти­е­на фор­ма, што зна­чи до­пол­ни­тел­ни тро­шо­ци во вре­ме и па­ри. Овој си­стем мо­ра­ше да би­де те­сти­ран по­ве­ќе па­ти. Да по­ми­не ус­пеш­но од 200 до 300 раз­лич­ни те­сто­ви. Се­га се те­сти­ра раз­ме­на­та на по­ра­ки со дру­ги зем­ји-член­ки во ЕУ. Во мо­мен­тов се те­сти­ра раз­ме­на­та на по­да­то­ци со ца­рин­ска­та упра­ва на Сло­ве­ни­ја. Отка­ко го раз­вив­ме си­сте­мот, поч­наа те­сти­ра­ња­та. Ла­ни во ју­ли имав­ме ми­си­ја за пре­до­це­ну­ва­ње, а ми­си­ја­та за оце­ну­ва­ње бе­ше го­ди­на­ва во ја­ну­а­ри. Прет­став­ни­ци на зем­ји­те-член­ки дој­доа и да­доа мош­не по­зи­тив­на оцен­ка за на­ша­та под­го­тве­ност да би­де­ме член­ка на Кон­вен­ци­ја­та, а ка­ко ре­зул­тат на тоа ја до­бив­ме по­ка­на­та.

Radeska-Krstevska-int147-2

Што зна­чи тоа за тр­гу­ва­ње­то ме­ѓу две др­жа­ви на ЕУ, на при­мер Гер­ма­ни­ја и Гр­ци­ја, а тран­зи­тот се од­ви­ва низ ко­ри­до­ри­те што ми­ну­ва­ат низ Ма­ке­до­ни­ја. Што е при­до­би­вка­та, што е олес­ну­ва­ње­то за нив?

Радеска Крстевска: Се­ко­ја сто­ка што тран­зи­ти­ра низ Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, на до­маш­на или стран­ска ком­па­ни­ја, мо­ра да под­не­се на­ци­о­нал­на тран­зит­на дек­ла­ра­ци­ја во мо­мен­тот ко­га ќе дој­де на на­ша­та гра­нич­на влез­на по­друж­ни­ца. Таа од пр­ви април е еле­ктрон­ска, но мо­ра да би­де под­не­се­на, сле­де­на со из­да­де­на со­од­вет­на га­ран­ци­ја и да се раз­дол­жи на из­ле­зот од др­жа­ва­та. На при­мер, ако од Бур­гас, Бу­га­ри­ја, па­ту­ва сто­ка до Ви­е­на, Ав­стри­ја, на гра­нич­ни­от пре­мин „Де­ве Ба­ир“ мо­ра да отво­ри на­ци­о­нал­на тран­зит­на дек­ла­ра­ци­ја и со­од­ве­тен ин­стру­мент за обез­бе­ду­ва­ње на на­ста­ну­ва­ње­то евен­ту­а­лен ца­рин­ски долг, а ко­га ќе из­ле­гу­ва на „Та­ба­нов­це“, ја раз­дол­жу­ва. Иста­та по­стап­ка се по­вто­ру­ва во Ср­би­ја. Олес­ну­ва­ње е што од пр­ви ју­ли еле­ктрон­ска дек­ла­ра­ци­ја се под­не­су­ва во Бур­гас, а таа вед­наш стиг­ну­ва во Ма­ке­до­ни­ја, зна­чи не се под­не­су­ва по­тоа на „Де­ве Ба­ир“ и не­ма раз­дол­жу­ва­ње на „Та­ба­нов­це“. Во Ср­би­ја сѐ уште има на­ци­о­нал­на тран­зит­на дек­ла­ра­ци­ја, но при­до­би­вка е што се оче­ку­ва кон кра­јот на го­ди­на­ва и срп­ска­та ца­рин­ска упра­ва да вле­зе во Кон­вен­ци­ја­та за за­ед­нич­ки тран­зит, што ќе зна­чи за­бе­ле­жи­тел­но олес­ну­ва­ње и за­бр­зу­ва­ње на тран­зи­тот низ Ко­ри­дор 10.

 

Кол­ку на­ша­та ца­рин­ска упра­ва има­ше вре­ме, спо­соб­ност и ад­ми­ни­стра­тив­ни ка­па­ци­те­ти да се прис­по­со­би бр­гу?
Радеска Крстевска: На оваа ра­бо­та дол­го вре­ме се вло­жу­ва­ат на­по­ри и се раз­ви­ваа ка­па­ци­те­ти. Уште од 2007 го­ди­на имав­ме ста­тус на кан­ди­дат за членс­тво во Кон­вен­ци­ја­та. За це­ли­от тој пер­и­од се пра­веа про­ме­ни, ги за­си­лив­ме опе­ра­тив­ни­те ка­па­ци­те­ти и се обу­чу­ваа ца­рин­ски­те служ­бе­ни­ци. Па­ра­лел­но се обу­чу­ваа и еко­ном­ски­те опе­ра­то­ри око­лу функ­ци­о­ни­ра­ње­то на но­ви­от комп­ју­тер­ски тран­зи­тен си­стем на ни­во на за­ед­нич­ки тран­зит. Нај­бит­но е да се ка­же де­ка од пр­ви ју­ли на­ши­те ца­рин­ски служ­бе­ни­ци ќе ра­бо­тат по исти стан­дар­ди и прин­ци­пи, на иста прав­на ос­но­ва ка­ко и ца­рин­ски­те служ­би на нај­со­вре­ме­ни­те европ­ски др­жа­ви.

Интервјуто може да го погледнете на РепубликаТВ.

Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со На­та­ша Ра­де­ска-Кр­стев­ска, ди­ре­ктор­ка на Ца­рин­ска упра­ва на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, е објавено во 147. број на неделникот Република, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top