| четврток, 6 декември 2018 |

Стан во Солун по багателна цена од 10.000 евра

стан2

Во моментов во Солун може да се купи стан по цена од само 10.000 евра. Во огласите може да се најдат различни станови со различни цени, во зависнсот од квалитетот. На пример, во центарот на Солун станови во добра состојба може да се купат по цена од 600 евра за квадрат, пишува српски „Блиц“. Недвижниот имот во сутерен или приземје, се продаваат и за 200 евра по квадратен метар.

-Можете да купите многу евтин стан од 60 квадрати за 20.000 евра, но во нивно реновирање треба да вложите уште некои 15.000 евра – вели за „Блиц“, Ана Павлица од агенцијата „Роман“.

Поединци дури си го продаваат имотот за да купат стан во Солун или туристичко место на Халкидики. Од издавање на само еден апартман во текот на туристичката сезона може да се заработи до 4.000 евра. Ако, пак, тоа е стан во Солун, тој може да се издава за 200 евра.

Станови и куќи на грчкото крајбрежје купуваат и луѓе што не размислуваат  за издавање, туку за место каде што ќе можат да летуваат со своите семејства. Семејството Станковиќ од Белград купило стан од 50 квадрати во Асправалта. Кога ќе се соберат сите трошоци, тоа ги чинело 45.000 евра.

-Сè завршивме преку агенција, адвокат и нотар. Освен пари, доставивме извод од матична книга, потврда за постојано вработување и просекот од трите последни плати – велат од ова семејство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top