| четврток, 6 декември 2018 |

Вла­тко Ва­сиљ: Ја убив­ме уме­ре­но­ста!

Јас не сум вли­ја­те­лен, ме­не ме сле­дат са­мо лу­ѓе што има­ат по­тре­ба да слуш­нат и да про­чи­та­ат де­ка има и не­кој друг што мис­ли, чув­ству­ва и збо­ру­ва исто ка­ко нив. А за ви­стин­ска­та вли­ја­тел­ност, пра­шај­те ги Гру­ев­ски и Цр­вен­ков­ски

Некои го знаат лично, некои го следат на фејсбук и на Твитер, некои ги читаат неговите блогови, а некој пак го постираат неговиот статус, без притоа да знаат дека копираат нечија лична мисла. Тоа е Влатко Васиљ, човекот со оригинални статуси, добра смисла за хумор, честопати без влакна на јазик… Го пишува она што го мисли, а го инспирира секојдневието.  Многумина од вас ставиле статус дека треба да се направи споменик на 50 дени, монетата која замина во историјата со доаѓањето на 2013 година. Но малкумина знаеа дека тоа потекна од добриот статус на Васиљ. И не само тој статус- илјадници досетливи реченици. Иако се обидов да го испровоцирам во 140 карактери да каже што мисли за себе и за нас како медиум, обидот ми остана без успешен. Неговиот коментар е – неблагодарно е да зборувам за себе или за вас. Од она што можев да го „украдам“ од неговиот фејсбук профил, за себе вели: Заебан тип што никад нема да ве заебе. Прљав на јазик, али чист у душа.

Најв­ли­ја­те­лен на со­ци­јал­ни­те мре­жи. Мно­гу­ми­на се бо­рат за ова, но, се чи­ни, на по­гре­шен на­чин.
Ва­сиљ
: По­и­мот вли­ја­тел­ност е под­ло­жен на мно­гу за­фр­кан­ции од стра­на на за­ед­ни­ца­та на „Тви­тер“. Иа­ко тој ка­ко збор има го­ле­ма те­жи­на, јас ка­ко „најв­ли­ја­те­лен“ од таа за­ед­ни­ца сѐ уште не мо­жам да ја нај­дам се­ри­оз­но­ста во зна­че­ње­то на збо­рот „вли­ја­тел­ност“. И да би­дам искрен, јас не сум вли­ја­те­лен, ме­не ме сле­дат са­мо лу­ѓе што има­ат по­тре­ба да слуш­нат и да про­чи­та­ат де­ка има и не­кој друг што мис­ли, чув­ству­ва и збо­ру­ва исто ка­ко нив. А за ви­стин­ска­та вли­ја­тел­ност пра­шај­те ги Гру­ев­ски и Цр­вен­ков­ски. Тие ќе зна­ат нај­до­бро да ви об­јас­нат.

Зо­што ги из­бра „Тви­тер“ и „Фејс­бук“ за иска­жу­ва­ње на сво­и­те ста­ту­си на ори­ги­на­лен на­чин?
Ка­кво е тво­е­то ге­не­рал­но мис­ле­ње за со­ци­јал­ни­те мре­жи и за таа фејс­бук­ма­ни­ја што трае ве­ќе по­дол­го вре­ме?
Ва­сиљ:За „Тви­тер“ и за „Фејс­бук“ не мо­жам да збо­ру­вам од струч­ност и од не­ко­ја си на­уч­на те­о­ри­ја, ту­ку са­мо од лич­на пра­кти­ка и на­чин на кој јас ги ко­ри­стам, но мо­жам да твр­дам де­ка „Тви­тер“ и „Фејс­бук“ се ме­ди­у­ми на но­во­то вре­ме. Па кол­ку по­бр­зо ги при­фа­ти­ме, тол­ку по­лес­но ќе ни би­де да се вкло­пи­ме во се­којд­не­ви­е­то. Ве­ќе сѐ е та­му. Од днев­ни на­ста­ни, при­ја­те­ли од по­ра­но, но­ви при­ја­те­ли, поз­нај­ни­ци и лу­ѓе што не ги поз­на­ва­ме ама де­ли­ме исти ин­те­ре­си. Та­му се­кој се „по­ка­жу­ва“ и „до­ка­жу­ва“ спо­ред тоа што го из­би­ра, ка­ко ко­мен­ти­ра и што спо­де­лу­ва. Всуш­ност, се­ко­ја со­ци­ја­ли­за­ци­ја во мо­дер­но­то вре­ме (ера­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи) се од­ви­ва на гло­бал­на­та мре­жа на­ре­че­на ин­тер­нет. И не са­мо тоа, ре­чи­си и не по­стои со­ци­јал­но-по­ли­тич­ки ан­гаж­ман, чи­ја­што ини­ци­ја­ци­ја и ре­гру­та­ци­ја (на чле­но­ви­те, ко­рис­ни­ци­те на мре­жи­те) не е зач­на­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи за да про­дол­жи и да се ре­а­ли­зи­ра во пра­ктич­ни­от, оп­штес­твен жи­вот (Про­те­сти­рам, ел­камк и сл.). Се­ка­ко, не ги иск­лу­чу­вам и лу­ѓе­то што го ко­ри­стат „Фејс­бук“ за на­о­ѓа­ње парт­нер, из­вр­шу­ва­ње пар­ти­ски на­ред­би и игра­ње игри. Без раз­ли­ка на ста­ту­сот во оп­штес­тво­то, на „Фејс­бук“ се­кој мо­же да на­пра­ви му­а­бет со те­бе ако де­ли исто мис­ле­ње или раз­ли­чен став. Лич­но кај ме­не, ко­мен­ти­ра­ле го­лем број јав­ни фа­ци, уг­лед­ни про­фе­со­ри, по­ли­ти­ча­ри, кои ако не по­сто­јат со­ци­јал­ни­те мре­жи не би ни би­ле во близ­на и се­ко­гаш на до­фат. Не­ли ду­ри и Оба­ма сво­и­те кам­па­њи го во­де­ше пре­ку овие ме­ди­у­ми. А ако сте за биз­нис, то­гаш овие ме­ди­у­ми се мно­гу пра­ктич­но ме­сто од кое мо­же­те да го раз­бе­ре­те обич­ни­от ко­рис­ник и не­го­ви­те се­којд­нев­ни оп­кру­жу­ва­ња, мо­мен­ти, ин­те­ре­си, по­тре­би и гри­жи.

По­ра­но сум чи­та­ла твои бло­го­ви, осо­бе­но ми оста­ви впе­ча­ток тој за рек­ла­ма­та на еден мо­би­лен опе­ра­тор. Но, се чи­ни бло­гот не пре­диз­ви­ку­ва тол­ку вни­ма­ние и не се ши­ри тол­ку бр­зо.
Ва­сиљ:Ко­га сме кај бло­го­ви­те, за ме­не тие се тоа вон­вре­мен­ско ме­сто, на кое се­кој се чув­ству­ва свој пре­ку по­ра­ки­те што ги пи­шу­ва. По­ра­но бе­ше мно­гу акту­ел­но, бло­ге­ри­те беа ед­на но­ва ре­во­лу­ци­ја на сло­бод­на­та мис­ла, а со по­ја­ву­ва­ње­то на „Фејс­бук“ мал­ку пад­наа. Но, не се пре­да­ва­ат бло­ге­ри­те, при­мер за тоа е агре­га­то­рот на бло­го­ви blogirame.mk, кој е во тес­на по­вр­за­ност со овие но­ви ме­ди­у­ми и по­ле­ка, но си­гур­но го вра­ќа бло­гер­ски­от свет, кој за ме­не и тоа ка­ко е по­тре­бен за на­ше­то оп­штес­тво.

vlatkovasilj520

Тоа што го пи­шу­ваш во ил­јад­ни­ци зна­ци, се­га го пи­шу­ваш на 140 на „Тви­тер“.  Да­ли е лес­но да се сре­ди мис­ла во огра­ни­чен број зна­ци?
Ва­сиљ: Ед­наш наг­ла­сив, се­га ќе се по­вто­рам. Тоа што не мо­жеш да го ка­жеш со 140 бу­кви, не мо­жеш ни во 5.000. Кра­тки­те ре­че­ни­ци, „тви­то­ви“ и ста­ту­си но­сат го­ле­ми при­каз­ни, под­ло­же­ни се на ко­мен­та­ри и на раз­лич­ни тол­ку­ва­ња. Тие мно­гу че­сто се раз­ви­ва­ат во де­ба­ти, за жал по­че­сто во рас­пра­вии, но, се­пак, во гра­ни­ци­те на уме­ре­но­ста.

Тоа го до­ка­жа и по­ка­жа со по­ра­ка­та што ѝ ја ис­пра­ти на „Фејс­бук“на сво­ја­та со­пру­га Ма­ри­ја. (Ед­наш зе­мав и поч­нав да и пи­шу­вам пис­мо на Ма­ри­ја. Ми­ли­он збо­ро­ви, мно­гу чув­ства. Пи­шу­вав три де­на, се­дум стра­ни­ци, пол­ни! На крај, ко­га се­то тоа го про­чи­тав, сфа­тив де­ка сѐ мо­же­ло да се све­де са­мо на два збо­ра. До­вол­но јас­ни и сил­ни. Искре­ни! Те са­кам!)
Ва­сиљ: По прин­цип, мно­гу са­кам да збо­ру­вам. А, тоа по­сто­ја­но го пра­вам во се­бе, не мо­жам да го со­прам те­кот на мис­ли во умот. Тие по­ми­ну­ва­ат, јас се­ле­кти­рам, па че­сто и ги ста­вам на хар­ти­ја, а мно­гу по­че­сто во са­мо не­кол­ку збо­ро­ви. Ма­ри­ја нај­до­бро знае де­ка ко­га сум кра­ток во збо­ро­ви­те, најм­но­гу сум ка­жал.

Кој е ста­ту­сот што пре­диз­ви­кал најм­но­гу ре­ак­ции – најм­но­гу лај­ко­ви и ко­мен­та­ри.
Ва­сиљ: Мо­ја­та кри­ти­ка кон пор­та­ли­те за си­лу­ва­ње­то на де­вој­ка­та кај „Але­ксан­дар па­лас“. Еве го ста­ту­сот: Што е со нас­ло­ви­ве по пор­та­ли­ве „Си­лу­ва­на е ме­ди­цин­ска се­стра“ !?
– На што алу­ди­ра­те?! Де­вој­ка е си­лу­ва­на, што е важ­но што е по про­фе­си­ја! Ште­та­та е на­пра­ве­на, ма­кар таа би­ла и без­дом­нич­ка или чи­стач­ка, ед­на­кво е по­трес­но и жал­но! Ама вие чи­та­но­ста ќе ја зго­ле­ми­те по­ра­ди акту­ел­ни­те на­ста­ни во здрав­ство­то, не­ли?! А по­до­лу во тек­стот (кој го ис­по­пре­пи­ша­ле си­те ме­ѓу се­бе) сле­ду­ва…
„До­де­ка оде­ла на ра­бо­та ѝ приш­ло сѐ уште не­поз­на­то ма­шко ли­це на во­зраст од око­лу 25 го­ди­ни, кое збо­ру­ва­ло на не­чист ма­ке­дон­ски ја­зик“.
– Што са­ка­те да ка­же­те? Ко­га тар­ге­ти­ра­те со ова? Ко­ја ос­но­ва ја ба­ра­те во ова? Абе тој е си­лу­вач, и не е е**** важ­но да­ли е од Ма­да­га­скар или да­ли збо­ру­ва се­дум е**** ја­зи­ци. Не е важ­но! На­пра­вил де­мон­ски чин и по тоа тре­ба да му се су­ди, а не по тоа да­ли ја знае ма­ке­дон­ска­та аз­бу­ка или но­сел е**** син­џир­че со крст на не­го!
Ама вас ни­што не ви е важ­но, си зна­е­те ка­ко ра­бо­ти це­ло ова, не сте на­ив­ни, ла­пај­те кли­ко­ви и ки­те­те се со ва­ша­та е**** екск­лу­зив­ност! Абе црн екран за си­те вас! The page cannot be found да ви стои!

Ги кри­ти­ку­ваш но­ви­на­ри­те, уред­ни­ци­те, нив­ни­от на­чин на по­сти­ра­ње на ин­фор­ма­ци­и­те. Што мис­лиш за ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво?
Ва­сиљ:
За жал, ме­ди­у­ми­те се тие што тре­ба да про­по­ве­да­ат кул­ту­ра и на­чи­ни на изра­зу­ва­ње, а кај нас тие се све­де­ни на ни­во од улич­ни жар­го­ни, изра­зи и вул­гар­но­сти. Но, се­пак, ако ние се бо­ри­ме да ги сме­ни­ме та­кви­те од ме­ди­ум­скот про­стор, ка­ко што се Ми­лен­ко или Ла­тас, за на нив­но ме­сто да дој­де не­кој ка­ко Са­ше По­ли­ти­ко (Ана­ли­ти­ко), то­гаш за џа­бе се бо­ри­ме. Не вре­ди! Ни тре­ба ка­дар, а искре­но го има, са­мо тре­ба да дој­де до израз.

А, кул­ту­ра­та на пра­те­ни­ци­те?
Ва­сиљ: Ни­ка­ква, рас­пра­вии без ар­гу­мен­ти, ос­но­ва­ни на лич­ни на­вре­ди и на сит­ни пар­ти­ски по­е­ни. За ме­не уме­ре­но­ста е ед­на од нај­важ­ни­те не­шта во жи­во­тот, а тие што најм­но­гу тре­ба да ја пре­зен­ти­ра­ат, ја уби­ва­ат.

vlatkovasilj300Ко­ја е тво­ја­та нај­го­ле­ма инс­пи­ра­ци­ја?
Ва­сиљ: Инс­пи­ра­ци­ја­та ме­не не ми е те­шка, са­мо тре­ба мал­ку по­се­ри­оз­но да се пог­лед­не на ра­бо­ти­те што нѐ оп­кру­жу­ва­ат за да мо­же­ме да ја из­ва­ди­ме ори­ги­нал­но­ста од нив. Но, Ма­ке­до­ни­ја пос­лед­ни­ве го­ди­ни, ба­рај­ќи ја сво­ја­та ори­ги­нал­ност, поч­на да то­не во не­о­ри­ги­нал­ност, па та­ка тоа на еден на­чин ми го зго­ле­му­ва на­го­нот за сар­ка­зам, кој, за сре­ќа, сѐ уште е ле­га­лен во др­жа­ва­та.

Кој лик се­којд­нев­но те инс­пи­ри­ра?
Ва­сиљ: Ко­це Тра­ја­нов­ски. Бес­па­ри­ца­та. ЈСП.

Со што, зо­што?
Ва­сиљ: Тој што ра­бо­ти и гре­ши, а Ко­це мно­гу ра­бо­ти, а и мно­гу гре­ши. А јас ло­вам гре­шки. Бес­па­ри­ца­та ја чув­ству­вам на сво­ја ко­жа, па си ве­лам, по­до­бро од неа да пра­вам смеа откол­ку плач­ка. ЈСП за ме­не е бер­бер­ни­ца.

Бер­бер­ни­ца?
Ва­сиљ: Мно­гу случ­ки, мно­гу на­ста­ни, мно­гу при­каз­ни од мно­гу обич­ни лу­ѓе. А и мно­гу ме­теж.

Што мис­лиш за „Скоп­је 2014“. Тоа е тво­ја че­ста инс­пи­ра­ци­ја.
Ва­сиљ: Скоп­је е мој град и ни­кој не го по­ба­ра мо­е­то мис­ле­ње ка­ко гра­ѓа­нин на тој град за овој про­ект. Тоа најм­но­гу ме бо­ли. Про­е­ктот бе­ше на­у­мен и, се­ка­ко, ќе по­ми­не­ше, но ако има­ше наш мал при­до­нес ка­ко гра­ѓа­ни од прет­ход­но овоз­мо­же­на јав­на де­ба­та за не­го ќе бе­ше уште по­до­бар. Всуш­ност, про­е­ктот „Скоп­је 2014“ да бе­ше „Ма­ке­до­ни­ја 2014“ ќе бе­ше за от­поз­драв од се­ко­го. Ова го збо­ру­вам за­што до­де­ка го пра­ви­ме ин­терв­ју­то јас сум во Ра­до­виш, а Ра­до­виш е град што изг­ле­да ка­ко да е за­бо­ра­вен во 2003 го­ди­на. Во цен­та­рот на гра­дот, над ап­те­ка­та стои свет­леч­ки знак „2003“, кој, за сре­ќа или за не­сре­ќа, не све­ти. Ве­ру­вам де­ка дру­ги­те гра­до­ви зас­лу­жу­ва­ат мно­гу по­ве­ќе откол­ку са­мо пен­зи­о­не­ри и не­вра­бо­те­ни ли­ца.

Се на­лу­тил ли до­се­га не­кој од име­ну­ва­ни­те во твои ста­ту­си? Ре­а­ги­рал ли со по­ра­ка, по­вик и слич­но?
Ва­сиљ: За­се­га ни­кој лич­но не ми про­го­во­рил. Тие што нај­че­сто вле­гу­ва­ат во рас­пра­ви­ја со ме­не се лу­ѓе што не ја раз­бра­ле ви­стин­ска­та по­ен­та на ста­ту­сот или тие што се со при­лич­но сла­ба и не­о­бич­но ло­ша смис­ла за ху­мор.

И то­гаш до­а­ѓа до чи­сте­ње од ли­ста­та на при­ја­те­ли или ги оста­ваш си­те да си го ка­жат сво­е­то мис­ле­ње?
Ва­сиљ: До се­га ни­ко­го не­мам из­бри­ша­но од ли­ста­та на при­ја­те­ли за­што мо­ја­та то­ле­ран­ци­ја е го­ле­ма и смис­ла­та за ху­мор ши­ро­ка, ама за­тоа ко­мен­та­ри­те што ќе пре­ми­нат во лич­ни на­вре­дии и кле­тви поч­нав да ги от­стра­ну­вам. Јас се за­ла­гам за сло­бо­да на го­вор, но за таа од та­ков тип не­мам на­ме­ра да се бо­рам. На кра­јот од де­нот, се­кој мо­ра да би­де од­го­во­рен за сво­и­те лич­ни по­стап­ки и де­ла.

Се слу­чи­ло ли не­ко­гаш да имаш огром­на жел­ба да пи­шеш не­што, ама да не­маш хра­брост да се чеп­каш на таа те­ма?
Ва­сиљ: Ни­ко­гаш. Се­ко­гаш го пи­шу­вам тоа што го мис­лам и сто­јам зад тоа. Јас го ка­жу­вам сво­е­то мис­ле­ње глас­но, не­за­вис­но и сло­бод­но, ток­му ка­ко што го чув­ству­вам, комп­лет­но отво­ре­но и чес­но. Мо­јот ли­чен став мо­жам да го сме­нам, но са­мо ако дру­ги­те ар­гу­мет­ни се по­у­вер­ли­ви.

Кол­ку вре­ме по­ми­ну­ваш на со­ци­јал­ни­те мре­жи? Ка­ко го тр­пи тоа тво­ја­та со­пру­га? Ве­ру­вам по­сто­ја­но си со те­ле­фо­нот в ра­це, вклу­чен на „Фејс­бук“.

Ва­сиљ: Јас се­ко­гаш сум на ин­тер­нет. И ко­га не се­дам на комп­ју­тер сум вук­лу­чен на „Фејс­бук“. А и пре­ку те­ле­фо­нот се­ко­гаш сум та­му. А, Ма­ри­ја не­ма проб­ле­ми со тоа за­што знае де­ка ви­стин­ски­от маж има вре­ме за сѐ.

Разговараше: Билјана Зафирова

 

Ста­ту­си на ФБ:

Не е важ­но ко­ја го­ди­на сме, Ма­ке­до­ни­ја е веч­на.

„Ве­чер мо­жам да заг­ла­вам, од утре сум на рас­пуст“ – Ел­вис Ба­јрам

Ѓор­ѓе Ива­нов да го да­еш у раз­ме­на на сту­ден­ти, ни­кој у др­жа­ва­та не­ма да при­ме­ти.

50 де­ни за­ми­ну­ва­ат во исто­ри­ја­та. СПОМЕНИК?!

Ако се бо­ри­ме и тру­ди­ме да ги сим­не­ме Ла­тас и Ми­лен­ко од ме­ди­ум­ски­от про­стор за на нив­но ме­сто да дој­де не­кој ка­ко Са­ше По­ли­ти­ко, то­гаш џа­бе се бо­ри­ме! За­е­би…

„Ај­де не­ка по­ми­нат што по­бр­зо ова праз­ни­ци­ве,
па да поч­не­ме со ра­бо­та, на ра­ат да си се од­мо­ри­ме“ – јав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја

Се не­ма тр­пе­ние, се не­ма раз­би­ра­ње. Ре­волт по па­за­ри, авто­бу­си, ули­ци. Ре­тко кој е нас­ме­ан, ско­ро ни­кој до­бро­на­ме­рен. Си­те се шу­шка­ат, си ко­ва­ат за­ве­ри. Скриш­но се впе­ру­ва­ат пр­сти, јав­но пи­што­ли. На­ро­дот ни ми­ри­са на омра­за. На гнев. Вла­дее бес­па­ри­ца, вла­дее и ла­га. На влак­но сме до прес­ме­тка, на че­кор од безд­на. Што ли ни се де­си бре лу­ѓе, НАВИСТИНА што!?

Не оз­бил­но, ствар­но си на­пра­ви­ла еки­ба­на фри­зу­ра, за да идеш да сла­виш но­ва го­ди­на у сту­дио и Жа­ре Бер­бер да ти пее и да играш ка­ко да не­ма утре и да од­бро­ју­ваш за на крај да се ра­ду­ваш де­ка е но­ва го­ди­на у сред но­ем­ври ме­сец. Оз­бил­но?!

Ја­ки­те фра­е­ри не сла­ват Но­ва го­ди­на у по­не­дел­ник.
Сла­ват коа са­ка­ат!

SREKjNA NOVA 2013 GODINA.
(via Melita Rakicevic Prv Profil via Melita Rakicevic Tret Profil via Melita Rakicevic Vtor Profil via Melita Rakicevic Poln Profil via Melita Rakicevic Nov Profil)

Ве­чер со ком­ши­и­те, ај­де среќ­на, па­ри, ово оно…
А пос­ле 2-3 ме­се­ци слу­шаш… ви­ди го бе­е­ее, од кај овој тол­ку па­ри ма­ме му ебам!

Си ви­каш са­мо не­ка не стра­да не­дол­жен на­род….и оп за­ста­ну­ваш, по­драз­мис­лу­ваш и сфа­ќаш де­ка усва­ри ти си дол­жен две сме­тки за стру­ја.

Та­па сум гра­ма­ти­ка, па да си пра­шам. Ма­шки род од кур­ва, ку­рир е?!

Де­нес сне­жи. Сре­ќен имен­ден на си­те Сне­жа­ни!

Је­ти. Се не­ам во­зе­но. Сѐ уште.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top