| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави инвестиција во Пробиштип со 280 вработувања

јане8

-И кога зборуваме за она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за младите во Македонија, веројатно најважно од се е што во Македонија, инвестираат толку многу компании од светот што се отворија, и допрва ќе се отвораат илјадници нови работни места, кои во најголем дел ги завземаат младите, и нивната иднина во Македонија доби поинаква смисла- рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве деновиве министерот Бил Павлески ме информираше за две нови инвестиции. Тој ме информираше дека се завршија преговорите со една компанија за производство на делови за автомобилска индустрија, главни компоненти во секој автомобил, и самата компанија веќе донела одлука на бордот на директори да инвевестираат во нова фабрика во Пробиштип, во која планираат да вработат 280 луѓе и да инвестираат 15 милиони евра.Тие веќе регистрирале фирма во Македонија и ги ангажирале првите неколку вработени. Според најавата, во првата половина на јули, менаџерскиот тим планира да дојде со цел да го потпише договорот со владата, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top