| четврток, 6 декември 2018 |

Финале меѓу Португалија и Шведска за да се избрише срамот

svede

Репрезентациите на Португалија и Шведска ќе играт во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година, како реприза на последниот меч по групи, што беше контроверзен.

Португалија во полуфиналето ја декласира Германија со 5-0, а веднаш потоа Шведска со 4-1 го доби скандинавското дерби против Данска.

Гвидети, Тиблинг, Кваисон и Хилјемарк беа прецизни за Шведска, а почесниот гол за Данците беше дело на Бех.

Интересно е што Португалците и Швеѓаните веќе играа меѓусебе во фазата по групи и одиграа 1-1, токму како што им одговараше на двете селекции.

На тој меч Тиблинг израмни на 1-1 во 88. минута и потоа се случија срамните 3-4 минути. Двете селекции си стоеја на својата половина и статираа на штета на Италија која испадна со ист број бодови, четири, како и Шведска, но со пораз во меѓусебниот меч.

Финалето ќе се игра утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top