Естонскиот претставник во Европа Лигата, Флора Талин, ја прекина мини-серијата од два порази и со победа и повеќе самодоверба го очекува двомечот со Работнички во првото квалификациско коло.
Флора во меч од естонскиот шампионат со 2-1 на гости го победи Силамае Калев и остана во битката за врвот.
Рускиот интернационалец Логуа погоди за 1-0 за Флора, а естонскиот репрезентативец Алику со нов гол ја најави победата на тимот од Талин. Силемае во финишот намали, но не ја загрози победата на Флора.
Естонците ќе му бидат домаќини на Работнички на 2. јули, а една седмица подоцна е реваншот во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Клучен меч за Македонија: Нашите кошаркари од 17.30 часот на мегдан со Естонија
-
Цените популарни, за 200 денари бодрете ја македонската кошаркарска репрезентација
-
Давитков: Најлошо издание досега откако сум селектор
-
Апел од Давитков: Дојдете во сала, не сакаме да се чувствуваме како гости против Косово во „Борис Трајковски“



