| четврток, 6 декември 2018 |

Брижит Бардо: Жените кои носат бунди се прости и глупави

Познатат француска актерка Брижит Бардо, ја критикуваше својата колешка Кетрин Денев која носи бунди сметајќи дека жените кои носат крзно „немаат чувства, прости се и глупави“.

brigitte baurdaut

Гостувајќи во една емисија за животните на француското радио, Бардо изјави дека носењето бунди е знак на бесчувствителност, додавајќи дека „се одвратни жените кои носат крзно“.

Брижит Бардо и порано ја критикувала Денев која финансира фарма за зајаци од кои подоцна се прават бунди.

– Да разговараш со жена која носи бунда, е исто како да разговараш со лице кое јаде месо – изјави Бардо.

Бардо е секс-бомба на француската кинематографија од 60-те години на минатиот век. Се повлече од филмот во врвот на својата кариера и се посвети на борбата за заштита на животните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top