Екстремистите од Исламска држава објавија фотографија на човекот, кој според нив стои зад нападот на плажата во Тунис.
ИД гордо го назначи Абу Јахја aл-Кирвани како човекот што свирепо уби 38 туристи во хотелот „Империјал“ во Тунис.
– Нашиот брат, војник на калифатот, Абу Јахја aл-Кирвани, кој ја оствари својата цел хотелот „Империјал“, без оглед на безбедноста – пишува под неговата фотографија.
Сè уште не е официјално утврдено дали тоа е терористот кој убиваше во Сус.
Напаѓачот бил убиен на самото место, а неговото убиство е снимено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


