| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е човекот одговорен за масакрот во Тунис (ФОТО)

Екстремистите од Исламска држава објавија фотографија на човекот, кој според нив стои зад нападот на плажата во Тунис.

ИД гордо го назначи Абу Јахја aл-Кирвани како човекот што свирепо уби 38 туристи во хотелот „Империјал“ во Тунис.

– Нашиот брат, војник на калифатот, Абу Јахја aл-Кирвани, кој ја оствари својата цел хотелот „Империјал“, без оглед на безбедноста – пишува под неговата фотографија.

Сè уште не е официјално утврдено дали тоа е терористот кој убиваше во Сус.

Напаѓачот бил убиен на самото место, а неговото убиство е снимено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top