| четврток, 6 декември 2018 |

И утре повеќе облачно околку сончево време

esen oblaciНиту сабота нема да биде типичен летен ден. Повторно повеќе облачност околку сончево време се очекува во текот на денот. Во првата половина од денот сосема слаб дожд е можен локално во западниот крај, додека во источниот регион, особено во Осогово, Пијанец и Малешевијата повремен дожд ќе врне во поголем дел од денот, но со сосема слаб интензитет. Ќе дува умерен, локално и засилен северен ветер, пишува Метеопро.

Максималната температура ќе има вредност околу 24°С низ котлините во поголем дел од земјата, освен во југоисточниот крај каде највисоката дневна температура ќе достигне до 27°С.

Скопската котлина ја очекува претежно облачно време со повремени сончеви периоди, а ќе има услови за слаб повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top