| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува БИТ ФЕСТ- најдолгото културно лето во Македонија

BITFEST1Во сабота со филмска музика на Битолскиот камерен оркестар и примадоната Весна Гиновска – Илкова, официјално започнува една од најзначајните манифестации од мултимедијален културен карактер, јубилејното десетто издание на БИТ ФЕСТ 2015, кое се организира во соработка со културните институции и граѓанските здруженија од општината, а под покровителство на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Годинава на БИТ ФЕСТ ќе бидат забележани околу 180 културни настани и манифестации презентирани во период од 60 дена, каде што публиката ќе има можност да ужива во домашна и странска културна понуда. Ќе биде искористена секоја локација каде што уметниците мислат дека може да се презентираат.

Годинава десеттото јубулејно издание донесува значајни културни случувања а дел од нив се: Симфонискиот оркестар од Утрет – Холандија, израелската театарска претстава „Нашиот глас”, интернационалните театарски продукции од Шекспир фестивалот, познатата рок група „Ван Гог”, јубилејното 45 издание на Илинденски денови и секако големите концерти на Фолтин и битолчаните Ламбе и Димитар. И годинава во шеесетте фестивалски дена Бит фест нуди над сто и осумдесет културни наслови кои вклучуваат многу повеќе случувања и кои Битола како многувековна урбана значајна точка на културната светска мапа, буквално ја прават една голема сцена на креативноста и создавањето.

 

Последниот ден на 27 август од битолското културно лето ќе биде заокружен со настанот Широк Сокак во бело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top