| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски со нов рекорд на 50 метри грбно

angel

Македонскиот пливач Љупчо Ангеловски постави нов државен рекорд на 50 метри грбно на Европските игри во Баку, а најдоброто остварување беше доволно за 39. место во конкуренција на 42 пливачи.

Ангеловски, кој има само 18 години, кусата делница од 50 метри ја исплива со време од 28,15 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд на Горазд Чепишевски, кој изнесуваше 28,18 секунди. Рекордот е подобрен за 3 стотинки, а добро е за македонското пливање што во последно време од новата генерација талентирани пливачи се урнати неколку граници, што подолг период беа несоборливи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top