| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 146 цивили се убиени изминатите 24 часа во Кобане од ИД

кобане

Најмалку 146 цивили се убиени од групацијата Исламска држава во и околу градот Кобане во северна Сирија изминатите 24 часа, откако екстремистите го нападнаа градот, во кој живеат претежно Курди, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Оваа бројка вклучува 120 жртви убиени од борците на ИД по ненадејниот напад вчера од џихадистите во Кобане покрај турската граница.

Во друг напад борците убиле 16 цивили во село на околу 35 километри од Кобане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top