| четврток, 6 декември 2018 |

Народниот музеј ја отвори изложбата на велешките копаничари

Во Ликовниот салон во Велес синоќа Народниот музеј ја отвори изложбата на копаници на велешките копаничари, како дел од манифестацијата „Велес град на културата 2015“.

280400-izlozhba-na-veleshkite-kopanichari

 

Како што појасни Елица Николова, директорка на Народниот музеј, за изложбата се презентирани 45 уметнички дела ­ копаници на десет велешки автори, современи велешки резбари кои ја негуваат традицијата на овој исклучително суптилен уметнички занает. Тоа се копаничарите Горан Бошковски, Славе Петков, Илчо Стојановски, Маја Цаневска, Јосиф Коларов, Васил Матев, Горан Мазнев, Златко Камчев,Тоше Пешовски и Филип Спиркоски. ­

Работени во своето оформување во различни форми, ажурна резба (поткопана резба), ељефна и барељефна резба односно плитка резба). Во изложбата на артефакти од дрворез­ рељефни икони со светители и библиски сцени и уметнички резби со фасцинантна орнаментна декорација,во своите дела резбарите вешто ги преплетуваат старата византиска и средновековна традиција и историските стилови. Во изработката на ордаментирањето секој од авторите внел и свој личен ракопис, појасни Николова.

Славе Петков, еден од иницијаторите на изложбата кој веќе 22 години работи во копаничарството, појасни дека идејата за изложбата била да се соберат на едно место велешките копаничари и да ѝ се прикаже на македонската јавност дека не само Охрид, туку и Велес е град во кој има копаничари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top