| четврток, 6 декември 2018 |

Грција доби рок од пет дена пред да биде исклучена од еврозоната

grcija eu

Излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде неизбежно ако Атина и нејзините кредитори не најдат решение во следните пет дена, изјави еврокомесарот Гинтер Етингер.

Ќе направиме се до 30 јуни Грција да покаже дека е подготвена за реформи, рекол Германецот за радио Дојчландфунк.

Етингер е влијателен член на христијанско-демократската унија, партија на гермската канцеларка Ангела Меркел.

Еврокомесарот рекол дека излегувањето на Грција од еврозоната не е цел на ЕУ, но дека тоа ќе биде „неизбежно ако нема решение во следните пет дена“.

Грција и нејзините меѓународни кредитори не постигнале договор за исплата за финанска помош на Атина во замена за спроведување реформи и покрај интензивните разговори во последните неколку дена.

Грција би можела да банкротира ако до 30 јуни не плати на ММФ долг од 1,6 милијарди евра.

Помошта на Атина од 7,2 милијарди евра може да биде одблокирана дури откако Грција ќе склучи договор за спроведување реформи со ЕУ, Европската централна банка и ММФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top