Турската пејачка Мутлу Каја (19), која учествувала во турското шоу „Јас имам талент“, се разбудила од кома еден месец откако била застрелана во глава од непознат напаѓач.
– Мутлу, конечно, го напуштила одделението за интензивна нега и сега се наоѓа во болничка соба, која е обезбедувана од полицајци. Ја поврати свеста и комуницира со нас. На почетокот тешко одговараше на прашања, но сега тоа го прави многу подобро – изјавил нејзиниот лекар.
Каја потекнува од конзервативниот регион Дијарбакир на југоистокот на земјата во кој претежно живее курдско население. Пред да се појави во шоуто добила закани по живот. Била нападната во нејзиниот дом во Ергани. Напаѓачот истрелал еден куршум од дворот низ прозорецот. Напаѓачот сè уште не е пронајден, но се верува дека станува збор за радикален конзервативец од Дијарбакир, кој смета дека нејзиното учество во шоуто е срам за конзервативната курдска заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.